Срамежливост или храброст – Што значи срамежливоста кај високо чувствителните деца ?

Срамежливост или храброст - Што значи срамежливоста кај високо чувствителните деца ?

Ова прашање често го поставуваат родители на високо чувствителни деца, бидејќи тие ги забележуваат двете крајности во нивното однесување. Постојат ситуации во кои детето покажува голема срамежливост, стрес пред одење на роденденска забава или кога треба да се приклучи во играта. Исто така, тие забележуваат дека за време на роденденот или претставата, кога ќе се „отворат“, тие можат да бидат многу активни, па дури и да ја преземат улогата на лидер и да ја водат играта. Така, се поставува прашањето – дали е можно истото дете да биде некогаш срамежливо, а во исто време и храбро?

Во меѓу време…

„Срамежливоста“ кај високо чувствителните деца обично се манифестира на специфичен начин.Кога децата се во нови ситуации, им треба време да се приклучат на групата, набудуваат од страна за да стекнат самодоверба. Кога ќе се почувствуваат безбедно, тие се забавуваат во игра на неограничен начин, оставајќи впечаток дека се храбри и самоуверени.

Што мислите за тоа?

Остави одговор