Како да му помогнете на високо чувствително дете да се адаптира во градинка

Што е Висока чувствителност

Високо чувствителното дете е едно од 15-20% од децата родени со нервен систем кој е многу свесен и брз да реагира на сè. Таквите деца се неверојатно одговорни за околината, без оглед на тоа дали станува збор за светла, звуци, мириси или промена на расположението на луѓето во одредени ситуации.

Овие деца честопати се надарени интелектуално и емоционално креативни, демонстрирајќи вистинско сочувство од рана возраст. Недостаток кај овие интензивно перцептивни деца е што лесно се вознемируваат  кога се во гужва, кога се опкружени од различни звуци, во нови ситуации, ненадејни промени во средината и емоционалната вознемиреност кај другите. На овие деца им е потребна дополнителна грижа и исхрана за да можат да научат како да ја контролираат својата чувствителност како дел од нив и да се зајакнат себеси,  за да можат да допрат до својата чувствителност, преку  креативност и емпатија, додека истовремено да научат како да управуваат со нивните богати емотивни животи.

Според д-р Арон , во повеќето случаеви високата чувствителност е наследна. Сепак, точно е дека, на чувствителноста може да се влијае преку одредени животни искуства. Траумите во рана возраст можат да го натераат детето со блага чувствителност да демонстрира црти на висока чувствителност, додека изложеноста на одредени стимули за долго време може да  намали нечија чувствителност кон тие стимули.

Што е НЕ е висока чувствителност

Висока чувствителност НЕ е психолошко нарушување. Не е срамежливост или невротичност, ниту пак мора да укажува на интроверзија. Да ги разјасниме разликите, односно да ги разгледаме подетално овие состојби:

  • Срамежливоста е чувство на срам, повлекување или непријатност во барем некои социјални ситуации. Срамежливоста е научено однесување. Бидејќи високо чувствителните личности претпочитаат да разгледаат се околу нив за да се осигураат пред да влезат во нови ситуации, тие честопати се погрешно означени како „срамежливи“. Природно е за високо чувствителните деца да седат настрана и да ја набудуваат новата ситуација. Тоа не е аверзија; едноставно е време кога длабоко ги обработуваат новите сензорни податоци.
  • Неврозата е функционално нарушување во однесувањето без очигледна основна причина за чувствата што лошото здравје што ги создава. Неврозите вклучуваат голем број на афективни нарушувања, како што се вознемиреност, депресија и опсесивни состојби. Кога високо чуствителната личност е оптоварено со премногу дразби наеднаш, нивното однесување на исклучување, кое исто така да вклучува вознемиреност, депресија или лутина, може да изгледа според другите дека немаат очигледна основна причина и затоа е невроза. Наместо тоа, таквата состојба има многу реална и физиолошка причина за висока чувствителност.
  • Интровертните личности се длабоко заинтересирани за внатрешниот свет на умот. Тие уживаат во размислувањето, истражувајќи ги нивните мисли и чувства. Да се биде околу луѓето ја троши енергијата на интровертните, додека времето поминато сам ги обновува. Околу 25-40% од општата популација е интровертна, додека околу 70% од високо чувствителните личности се интроверти. Значи, иако постои голема корелација помеѓу тоа да се биде многу чувствителен и да се биде интровертен, не е иста работа.

Високо чувствителноста е нормална, природна и здрава состојба на нервниот систем. Нема ништо лошо да се биде многу чувствителен. Има само нешто невообичаено, а тоа е да се биде многу чувствителен.

Карактеристиките на високо чувствителни на деца се:

  • Ги обработува работите подлабоко. Размислува долго и напорно за нештата. Многу е совесно и може да биде бавно додека даде одговор на поставени прашања. Општо одговара со точни, необични или креативни идеи.

  • Лесно се стимулира. Не се справува добро со времето и роковите. Не брзај ги! Групната работа е непријатна за нив; тие претпочитаат тивок простор за размислување. Бучавата го им одвлекува вниманието, а хаотичните ситуации за нив се кошмар. Потребно им е многу личен простор и мир.

  • Реагира емотивно. Критиката ја сфаќа премногу лично.Лесно се расплакува, дури и ако повратните информации се позитивни. Има огромна емпатија кон другите и има тенденција да се грижи за другите.

  • Свесни се за суптилностите. Забележува многу мали разлики во околината, вклучително и кога има мали преуредувања во просторот, забележува промени во осветлување или мирисите. Ги чита луѓето на суптилен начин; скоро се чини дека е ги чита мислите на другите.

Наша задача е градење на доверба кај високо чувствително дете затоа што најверојатно ќе му биде непријатно и нема да успее кога тоа се возбудува. За високо чувствителното дете на оваа возраст особено кога се пред  нови ситуации, честопати претставуваат премногу возбудливи, стимулирачки, чудни и затоа предизвикуваат вознемиреност кај нив. Пред да му помогнете на вашето дете да се чувствува сигурно и поддржано, како што го правите со секое дете, кога вашето високо чувствително дете излегува надвор, ние имаме дополнителна задача да направиме тоа да доживее добри искуства и да се направи сè што може,  работите да се одржат во рамките на  оптимално ниво на возбуда.

Сите истражувања за спречување на срамежливост во подоцнежните возрасти ја прават истата цел: да му се помогне на едно социјално колебливо дете да се приклучи на оваа возраст, за да не се стигматизира кога тоа ќе порасне. Ако продолжи и во подоцнежните години, ќе се создаде вистинска причина за срамежливост. Една мала доза на дружељубивост или барем можност да се вклучи во било каква активност, е од  непроценлива важност, што ви дава избор. Важно е да се запамети дека сите ние сме социјални суштества. Сите деца се помирни и побезбедни во присуство на блиски, дури и ако тоа е само една личност. Тие играат тивко покрај нив. И, дури и ако некој претпочита е да има неколку блиски пријатели, сепак треба да запознае поголем број на луѓе за да ги избереме оние специјални неколку. Првото социјално искуство е важно, но социјалното колебање на овие години е нормално и воопшто не е знак на неволја, освен ако не е дозволено да се продолжи и да се развива во подоцнежна возраст во постојано, активно повлекување.

Важноста на искуството во предучилишна возраст во градинка

Предучилишните установи се одличен начин да му помогнете на детето да влезе во социјалниот свет надвор од домот и да се подготви за најголемата транзиција, за одење во градинка. Воспитувачите сметаат дека високо чувствителните деца треба одат секој ден, дури и ако е за кратко време, за да се  создаде рутина и да нема прекин при одењето  во градинка , односно да не се изгуби навиката на дневниот режим

При запишување на детето во градинка, споменете ја чувствителноста на вашето дете кај воспитувачките. Некои од нив ќе помислат дека вашето дете би можело да претствува проблем, други ќе помислат: „ Да , да , сите родители мислат дека нивното дете е посебно и различно“. Внимавајте на воспитувачите, кај кого ќе биде вашето дете. Осигурете се дека скоро сè што ќе кажете за особината е позитивно. Особено ако вашето дете е социјално колебливо, прашајте како воспитувачките би се справиле со дете кое не влегува во структурирана активност или не игра со други деца. Треба да му дозволите на детето да поседи некое време, а потоа да иницирате со мали чекори, да му помогнете на детето да се приклучи во групата, кога тоа ќе  се почувствува подготвено. Можеби ќе му биде дозволено да игра прво само со воспитувачка или со едно дете, а потоа со текот на времето со помош на воспитувачките додаваат друго дете, се формира групи од две, потоа од три, па четири деца. Набудувајте ги првите триесет минути до два часа и направете го ова неколку дена. Ако го запишете вашето дете, можеби сепак сакате да останете некаде во близина неколку дена, така што воспитувачката ќе можат да ве најде додека не се прилагоди добро.

двојување во градинка

    1. Разговарајте за разделбата, за да не дојде како изненадување. Но, вашиот емотивен тон да одговара со тонот на  вашето дете, освен ако тоа не изрази тага или разочарување.
    2. Разговарајте за тоа што ќе правите додека сте разделени и што ќе правите кога ќе се вратите заедно, за вашето дете да може да го доживее вашето продолжено постоење и врска
    3. Дозволете му на вашето дете да земе нешто од дома за сигурност, можеби ваша слика за вас да ја чува во џеб или играчка.
    4. На почетокот доаѓајте порано, и оставајте го , пократко честопати истакнувајте дека ќе се вратите.
    5. Кажете точно кога ќе дојдете според дневниот режим, пр. После времето за починка, после ручек.
    6. Смислете посебен ритуал при испраќање, ако сакате да измислите посебно утринско поздравување.
    7. Проверете дали вашето дете плаче повеќе од пет минути по напуштањето, ако плачењето продолжува повеќе од петнаесет минути или се случува во текот на деновите неколку недели, може да биде прерано вашето дете да остане. Следете ги вашите инстинкти.
    8. Штом вашето дете ќе се навикне на заминување.Бидете цврсти, весели и кратки при заминување.
    9. Не брзајте ниту со разделување. При добро и мирно заминување од дома и разделување од вас во градинка ја одржува возбудливоста на ниско ниво и остава доволно време за прилагодување
    • Запомнете, враќањето дома е друга ситуација. Направете пријатно доаѓање дома. Нека прво оди во тоалет пред да заминете за дома. Разговарајте во автомобилот за тоа што се случило во градинка. Каснете со детео во некој ресторан можеби е гладно или жедно.
    • Поминете некое време во градинката, оставете го вашето дете да ви покаже што прави таму, за да можете двајцата да зборувате за тоа на патот кон дома.

Совети за наставниците

  1. Очекувајте дека во секоја група ќе има широк спектар на темпераменти и околу 15 до 20 проценти ќе бидат високо чувствителни деца. Високо чувствителните деца се раѓаат со нервен систем што ги тера длабоко да размислуваат пред да влезат во нова ситуација и да ги обработуваат сите информации длабоко пред да дејствуваат. Значи, високо чувствителните деца имаат тенденција да бидат многу рефлективни, интуитивни и креативни, совесни, да бидат загрижени за другите чувства, свесни за суптилните промени, тие исто така лесно се преоптоваруваат и повредуваат и физички и емотивно. Не бидете заведени од нивното повлекување – тие ви нудат можност да развијат необични таленти.
  2. Тесно соработувајте со родителите на високо чувствителните деца. Тие нудат корисни методи и стратегии за работа со своите деца. Тие исто така имаат потреба од уверување ваша страна.
  3. Бидете креативни со високо чувствителните деца, затоа што тие и се креатвни. Изберете наставна програма со визуелни и изведувачки уметности, понудете креативни вежби за конструрање или вежби за решеавање проблеми. Изберете литература која се занимава со сложени морални теми или емоционални теми, бидејќи високо чувствителните деца често имаат умови на возрасни. Тие имаат блиски врски со природата, може да напредуваат со проектите што вклучуваат растенија, градинарство, домашни миленици.
  4. Направете рамнотежа помеѓу казната и заштитничкото однесување. Студиите покажуваат дека за безбедни високо чувствителни деца, мали дози на поголема возбуда на почетокот на учебната година може да ги остават помалку склони кон преголемо количество во слични ситуации подоцна истата година, од премногу стрес Обидете се да почувствувате кога детето е подготвено да се наметне и кога треба да се повлече. Обидете се да избегнете целосно да ги ослободите високо чувствителното дете од она што им е тешко. Внимавајте на вистинското време за да побарате од нив да настапат или да пронајдат било каква алтернатива. Внимавајте, секој нивни обид без разлика дали е успешен е доволно пофален од вас, бидејќи тие едвај ќе чекаат да  одат на следниот чекор.
  5. Помогнете им на вашите високо чувствителни деца да формираат блиски пријателства. Високо чувствителните деца напредуваат во еден-на-еден однос и обично им треба само еден добар пријател за нивната социјална и емоционална благосостојба, кој е суштински. Обидете се да го имаат нивниот најдобар пријател од минатата година или од нивното соседство заедно во вашата група, да седнат заедно, да работат на заеднички задачи за да можат да се запознаат подобро.
  6. Помогнете им на високо чувствителни деца со какви било социјални тешкотии што можат да ги имаат. Дајте им време сами да ги решат работите, но ако чувствителното дете страда неколку дена, или постојано се повлекува, се изолира, се задева или малтретира, и покрај интервенциите и советите на родителите. Тие исто така можат да реагираат на начин на кој другите деца можат погрешно да ги разберат. Понатаму, тие можат да бидат омилени цели за задевање или малтретирање, бидејќи тие се толку лесно да се вознемируваат.
  7. Погледнете ја училницата, околината од гледна точка на чувствителното дете. Ако е преполно, бучно, топло ладно, задушно, правливо, светло осветлено или преполно, сето ова ќе влијае повеќе на него. Направете какви било подобрувања кои што можете да ги направите, бидејќи тие ве предупредуваат за состојби што влијаат на сите ваши деца до одреден степен.
  8. Поделете те им ги задачите во мали делови на високо чувствителните деца, тоа ќе ви заштеди време на долг рок. Ако станува вознемирено, опуштете се и направете ја задачата помала и полесна На пример, кога го подготвувате малото високо чувсвително дете да замине за дома, немојте да ги прашувате: „Да се подготват да одат дома!“, туку:„Ве молам пронајдете ја јакна во твоето шкафче“.

References

  • “Checklist of traits in highly sensitive children” by Catherine Wilson

https://focusonthefamily.ca/content/checklist-of-traits-in-highly-sensitive-children

  • “The highly Sensitive Person: Introduction guide” by Colleen O`Rourke, MBA, CPCC and Elizabeth Walsh, MA, CMT

https://plumturtle.com/PlumTurtleCoaching/Home_files/HSP_intro_Handbook

  • Elaine N. Aron, Ph.D. The highly sensitive child: Helping our chlidren thrive when the world overwhelms them

Author

 Марија Василевска

Марија Василевска

воспитувач во ЈОУДГ „Брешиа“-Дебар во билингвална група и работи според МОЗАИК-модел за интегрирана мултикултурна едукација, како и според Националната програма за Ран детски развој и рано учење, комбинирана група, деца од 3-6 години. Е обучувач по МОЗАИК моделот за воспитувачи и наставници во основно образование. Повеќе од една година е ментор за Колегијална поддршка во проектот за Социо-емоционален развој кај предучилишните деца, поддржан од УНИЦЕФ и МТСП

Like this article?

Share on facebook
Share on Facebook
Share on twitter
Share on Twitter
Share on linkedin
Share on Linkdin
Share on pinterest
Share on Pinterest

Leave a comment

Leave a Reply