Дали детето ќе расте со висока чувствителност?

Дали детето ќе расте со висока чувствителност?

Ова е најчестото прашање што го поставуваат родителите за време на првите разговори за нивното дете. Многу родители се убедени дека одредени однесувања што детето во моментов ги покажува може да исчезнат со губење на последниот млечен заб. Ова верување честопати дополнително се потврдува со коментарите и добрите совети од бабите и тетките.

Во меѓу време…

Високата чувствителност како одлика на темпераментот, односно како резултат на структурата на нервниот систем, не се менува значително како што расте детето. Она што можеме да го измениме се навиките, однесувањата, свесно барање или избегнување на одредени ситуации. Високо чувствително дете ќе остане високо чувствително возрасно лице, но може да научи саморегулација, внимателност, справување со потешкотиите и може да ја направи чувствителноста предност.

Што мислите за тоа?

Leave a Reply